Од денеска Љубомир Савевски не е повеќе селектор на нашата женска ракометна селекција. Како што и официјално објавија од страна на Ракометната федерација на Македонија, и двете страни се договориле за спогодбено раскинување на досегашната соработка.
А еве што објавија од страна на РФМ:
“Ракометната Федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории .
г. Љубомир Савевски ја извршуваше наведената функција во период јуни 2021 – мај 2023 година.










