ФОТО НА КОЛОТО: И битолчани дочекаа да се израдуваат!

123
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Конечно. Конечно по околу 2,5 месеци фудбалска Битола дочека да се израдува на победа на своето милениче – Пелистер. Триумф против Брера со 1:0, кој дојде како “мелем на рана“ за сите во клубот. Не дека избраниците на Милан Стојановски одиграа којзнае како, но сепак треба да се каже дека победа си е победа.

Па по мечот, фудбалерите ја прославија победата со своите верни фанови – Чкембарите.

Дали ова е знак дека Пелистер се “разбуди“, останува да се види на следните мечеви.

Сега е најважно играчите да се одморат за време на репрезентативната пауза, а стручниот штаб на чело со Милан Стојановски да ја “стегне“ екипата.

ПретходноРистовски најави три големи проекти на Министерството за спорт до крајот на годината
СледноБез Јани Атанасов против Летонија