23-годишната македонска ракометна репрезентативка, Ангела Јанкуловска има нов клуб. Денеска левиот бек на нашиот национален тим потпиша договор со словачкиот тим Дунајска Стреда.
По двете сезони во составот на Славија Прага, Јанкуловска реши да замине во Словачка.
Дунајска Стреда е вицешампион на Словачка, но минатата сезона ја заврши со трофејот од регионалната МОЛ лига.










