Македонската машка кадетска репрезентација не успеа да приреди изненадување на Европското првенство против еден од најсериозните кандидати за титулата. Нашите ракометари денеска беа совладани од Франција со убедливи 36-25 (20-13).
За Македонија ова е втор пораз, прва победа ќе бара во сабота против Шведска, уште еден квалитетен противник, кој воедно е бранител на пехарот од пред две години.
Нешто поизедначена игра имаше во прваата половина од првото полувреме, Македонија не поведе ниту еднаш, по последните 9:9 и неискористен напад за прво водство противникот зеде сила и го наметно своето темпо. На одморот беше 20-13. Во продолжение не се промени слика, Франција поведе со двоцифрени 24-13 и го најави триумфот.
Поповски со шест гола беше прв стрелец, зад него беше Јовиќ со пет погодоци. Ѓорѓи Николовски имаше седум одбрани, три од седум метри.










