Шкотски предизвик: Хиберниан е следниот ривал на Шкендија во КЛ

196

Еден од најстарите фудбалски клубови во Шкотска, екипата на Хиберниан ќе биде следниот противник на Шкендија во Конференциската лига. Во реванш натпреварот од второто коло, Шкотите пред своја публика го совладаа косовскиот тим Малишева со 4:1 и ја надоместија негативата од 0:2 која ја имаа по првиот меч на гостински терен.

Хиберниан минатата сезона стигна до плеј-оф колото во Конференциската лига и за „влакно“ не успеа да се пласира во плеј-офот. Во плеј-оф рундата Шкотите беа елиминирани од полскиот гигант Легија со тесни 5:4 по двете одиграни средби.

Претходно и во сезоната 2023/24 по елиминацијата од Лигата на Европа се префрли во Конференциската лига, каде стигна до плејофот, но и тогаш беше запрен од англискиот тим Астон Вила.

Првиот натпревар меѓу Хиберниан и Шкендија ќе се одигра на 6 август на теренот на Шкотите, додека реваншот во Скопје ќе биде 7 дена подоцна.

ПретходноРастодер со гол во 85. минута го однесе ПАО во 3. коло на КЛ (ВИДЕО)
СледноМанчестер Сити категоричен: Родри може да оди во Реал, ама само за 75 милиони евра