На стартот на второто ПМФЛ коло од новата сезона, на стадионо на Чаир, екипата на Силекс успеа да се извлече и да одигра 1:1, против мотивираниот домаќин, екипата на Шкендија Арачиново.
Во својот прв историски домашен дуел во прволигашката конкурениција, екипата од Арачиново имаше водство до самиот финиш на мечот но сепак не издржа до крај. Прими гол и остана без двата посакувани бодови, кои евентуалната победа ќе ги донесеше.
Демири го постигна првиот гол за Шкендија Арачиново во првата лига
Во 32. минута од мечот, се случи првиот клучен момент. Анѓелески стартуваше во сопствениот шеснаесетник, а по ВАР интервенцијата судијата Стојчевски досуди пенал.
Стрелец на премиерниот гол за Арачиново во ПМФЛ конкуренцијата е капитенот Берис Демири.
Во вториот дел, Силекс заигра поагресивно, по напаѓачки, очигледно свесен дека доколку тоа не го стори ќе загуби.


Шансите на Богдановски и Хасулиќ останаа нереализирани, а домаќинот ќе жали за следново. Ливарека имаше зицер ситуација за 2:0, но наместо да погоди во празната мрежа на Џеков погоди во дирекот. На спротивната страна Богдановски добро исфинтира, Шаркоски стартуваше врз него, а ВАР повторно вели пенал во 84. минута.
Сигурен реализатор Хасукиќ кој што буквално го спаси Силекс од пораз.


















