Некогашниот гигант утре стартува во ВМФЛ: Работнички доведе десет нови имиња

347
ФОТО:.facebook.com/fcrabotnicki

Кога ќе се видат двојките од 1.коло во ВМФЛ за сезоната 2026/27, малку ни е чудно. Гледаме дека еден Работнички е во оваа конкуренција, клуб кој е некогашн гигант, клуб кој има 8 титули во ПМФЛ и во Купот на Македонија. Клб кој после Вардар и Шкендија, важи или важел за клуб со најголемо реноме во мак – фудбалот.

Сепак времињата се менуваат, овој клуб во претстојната сезона е во друштво на второлигаши. Ако е за утеха, тука со него се и Пелистер, Македонија ЃП, Шкупи, Брера…

Инаку утре од 17 часот Работнички предводен од новиот тренер Баже Јанакиевски на стадионот во Маџари се среќава со Кожув во меч од 1.коло.

Кога сме кај тимот, од клубот информираат ангажирале десет нови играчи, а до крајот на летниот преоден рок, би можел да дојде уште некој.

Ова се новите имиња:

Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ, Мартин Мисердовски.

ПретходноРочи: Македонија секогаш ми е во срцето, но некои работи едноставно мора да се променат
СледноНека му ја мислат: Еве што ги чека играчите на Ц.Звезда со Риера!(ВИДЕО)