ЖРК Вардар со пораз на првиот меч со Бриксен

40
ФОТО: ZRK Vardar Facebook

Ракометарките на ЖРК Вардар, во првиот меч од 1/32 финалето на ЕХФ Европскиот Куп, вечервва се поразени од домашниот состав на Бриксен со 32:29. Треба да се каже дека вардарки на ова гостување во Италија по првото полувреме имаа водство од 15:16, сепак ракометарките на Бриксен во продолжение од средбата заиграа подобро, направија пресврт и на крај победија. Реваншот се игра утре, а домаќин исто така е екипата на Бриксен.

Најефикасни кај ЖРК Вардар беа Лашкоска, Тодоровска и Трифуновска со по четири голови.

Утрешниот меч се игра утре од 18 часот, а Вардар само формално ќе се води како домаќин и ќе се обиде да ја надомести оваа разлика од три гола.

Да кажеме и тоа дека ЖРК Вардар по пауза од пет години одново се врати во ракометна Европа.

ПретходноМЗТ Скопје подобар од МКК Куманово: Шампионот со победа тргна во новата сезона!(ФОТО)
СледноВо 9.коло во ПМФЛ ќе има утрински натпревари, од 12 часот!