Драма во Битола, Прилеп пропушти чиста победа!

1
Фото: РК Прилеп

Уште еден интересен натпревар се одигра во Супер-лигата. Вториот тим на Пелистер одиграа реми против Прилеп 26-26 во натпревар од 11. коло. Гостите имаа шанса да си заминат со целиот плен, но во драматична завршница Димитриоски промаши седмерец, кој на кратко се покажа како клучен.

Димевски со осум гола беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна ист број на погодоци имаше Димитриоски.

Изедначено се играше во воведните минути по што гостите со серија од 3-0 дојдоа до водство од 5-8. Неизвесноста продолжи иако прилепчани ја имаа минималната позитива. На одморот резултатот беше 11-14.

На стартот на вториот дел Прилеп поведе и со плус 4 (11-15), предност која ја имаше и нешто подоцна 14-18. Иако се чинеше дека гостинскиот состав ќе успее лесно да го приведе мечот во своја корист, сепак во 58-та минута Пелистер 2 дојде на негатива од еден гол (24-25). Димитриоски не реализираше од седум метри за сигурен триумф, на другата страна Гутиќ израмни на 25-25. Марковски донесе ново водство на гостите, но конечните 26-26 ги постигна Димевски.

 

ПретходноОливер Богатинов:“Честитки за играчите на Тиквеш за денешната претстава на Арената“!