Шкупи ремизираше со Егнатиа на вториот тест меч

324

Екипата на Шкупи одигра 1:1 против албанскиот прволигаш Егнатиа на вториот пријателски натпревар во Болу, Турција. Тимот од Чаир имаше негатива од 0:1 по првото полувреме, а во второто полувреме изедначил после пенал.
Голманот прво го одбранил ударот од белата точка на Хамиди, а одбиената топка истиот играч ја сместил во мрежата.
Ова е втор меч на Шкупи во подготвителниот период во Болу, а во првиот славеше над Херманштад со 2:1.

ПретходноРоби Кин стана тренер на најтрофејниот израелски клуб
СледноВимблдон воведе посебни правила за Русите и за Белорусите