Трапановски пред дуелот со Работнички: Овој меч за Шкупи е многу важен!

93

Откако Шкупи одигра неколку меча надвор од Чаир, денеска токму за скопското дерби со Работнички, овок тим се враќа на својот стадион, пред својата публика.

Денеска од 13 часот, во меч од 12.коло во ПМФЛ, силите на Чаир ќе ги одмерат Шкупи и Работнички, стари ривали.

Секако дека се очекува интересен, возбудлив и квалитетен меч. Во пресрет на денешното скопско дерби, свое видување има офанзивецот на Шкупи, Кристијан Трапановски.

Ова за нас е многу важен меч. Се надевам дека ќе бидеме на вистинското ниво и ќе продолжиме со серијата добри настапи и успешни резултати. Секако дека го респектираме Работнички, но ние мора да одиграме квалитетно и да дојдеме до позитивен резултат со што ќе оправдаме кредибилитетот во јавноста и кај нашите фанови“ изјави Трапановски.

ПретходноИзраелски тенисер: „Убиваат и палат живи деца, а Ѓоковиќ молчи!“ (ВИДЕО)
СледноИвановски со победа ги почна квалификациите во Бергамо