Денеска од 13 часот се играат пет меча од 12.коло или прво во вториот круг. Шампионот Струга ТЛ му гостува на Гостивар, во скопската пресметка Шкупи го дочекува Работнички.
Сепак супер интересно се очекува да биде на “Борис Трајковски“ во Скопје, каде осоколениот Вардар по победата над Работнички во минатото коло, сега посакува нов триумф и тоа против Брера Струмица која повеќе од два месеци не знае за победа. Ова ќе биде и дуел на Александар Васоски, сегашниот стратег на Вардар против “својата“ Брера, ако се знае дека тој во минатото во два наврати беше шеф на тимот од Струмица.
Шкендија под Шара ја дочекува Воска Спорт, во меч од кој од тетовци се очекува триумф. Интересно ќе биде и во Ѓорче каде Македонија ЃП посакува победа над Тиквеш.
Да кажеме дека вчера во Кратово, Силекс и Брегалница на отворањето на вториот круг одиграа без голови 0:0.
ДВОЈКИ ЗА 12.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Вардар – Брера
Шкендија – Воска
Гостивар – Струга ТЛ
Македонија ЃП – Тиквеш
Шкупи – Работнички
ВЧЕРА:
Силекс – Брегалница 0:0
ТАБЕЛА
Шкендија (-1) 24, Шкупи (-1) 22, Струга ТЛ (-2) 21, Силекс 20, Брера (-1) 15, Тиквеш (-1) 14, Брегалница 14, Работнички (-1) 13, Македонија ЃП (-1) 11, Воска (-1) 11, Гостивар (-1) 11, Вардар (-2) 8 бодови…