Попладнево се играат пет натпревари од 17.коло во ПМФЛ. Секако дека супер – дербито се игра на Чаир каде Шкупи ја пречекува Шкендија, но супер интересно ќе биде и во Кавадарци. На овој меч забревтаниот Тиквеш го дочекува шампионот, тимот на Струга ТЛ.
Ова ќе биде меч за уживање на две екипи кои играат офанзивен фудбал. На Струга ТЛ и треба победа ако сака да биде есенски шампион.
Работнички на Маџари ја пречекува Брера Струмица. Тимот од Дебар Маало по ремито со Гостивар и поразот од Шкендија во Тетово, посакува прва победа под водство на новиот стратег Гоце Седлоски.
Во Кратово домашниот Силекс ќе ги одмери силите со Гостивар, силени квалитетен состав кој на последните два меча со Работнички и Шкупи одигра без голови.
Секако дека ќе биде „жешко“ во Штип. Брегалница ја дочекува Воска, ова ќе биде уште едно дерби на дното. За штипските “сини“ овој меч е да се биде или не. Овој меч Брегалница мора по секоја цена да го добие.
Вчера Вардар како гостин ја победи Македонија ЃП со 0:1.
ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Кратово: Силекс – Гостивар
Скопје: Шкупи – Шкендија
Скопје: Работнички – Брера
Штип: Брегалница – Воска
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ
ВЧЕРА:
Македонија ЃП – Вардар 0:1
ТАБЕЛА
Шкупи 32, Шкендија 32, Струга ТЛ 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 16, Воска 16, Вардар 14…