Мирко Ивановски: Ова дерби со Вардар е како меч од Лигата на Шампионите!

232

Вечерва на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот ќе се игра “Дербито на Македонија“. Се среќаваат Вардар и Пелистер, лути и вечни ривали.

По ремито со Гостивар дома во првото коло, битолчани си имаа свои сметки, а во пресрет на дербито, свое видување има искусниот напаѓач Мирко Ивановски:

Ова е дерби за докажување. Ваквите мечеви секогаш носат возбуда, се надевам дека заедно со нашите навивачи ќе можеме да се радуваме на успех во Скопје. Кога се игра на Арената, тоа секогаш дава дополнителна мотивација. Овој меч, ова дерби со Вардар е како меч од Лигата на Шампионите“ рече покрај другото Ивановски кој ова лето по долги години се врати во Битола, се врати во својот матичен клуб Пелистер.

ПретходноГоразд Михаилов: Вардар нема друга опција освен победа на “Дербито на Македонија“!
СледноИ Ноле имаше коментар: Ова е срамно!