Струга ТЛ загуби од Михаловце

123

Мечевите во Анталија за нашите прволигаши одат секојдневно, а денеска Струга ТЛ загуби со 1:2, од тимот на Михаловце.

Голот на Стружани го постигна Кехинде, а сите погодоци беа постигнати во првото полувреме. За Михаловце погодија Марчин односно Кизиридис.

Ова беше петти пријателски меч за Струга ТЛ на подготовките во Анталија. ОД друга страна пак, таму клубот го промовираше вчера и најновото засилување, Маудо Ламине Жажру, интернационалец од Гамбија.

Во исто време пак, тимот на Силекс доживеа пораз од тимот на Ружомберок со 0:3.

ПретходноВардар одигра 0:0 против Чаквар од Унгарија
СледноВардарски се засили со четири новитети