Работнички останува и без трет напаѓач: Али Регба потпишува за Марибор!

340

Што се случува во Работнички? Прво Влатко Стојановски се пресели во Беса, потоа Атдхе Мазари направи трансфер во Вараждин, за да најново е тоа што Али Регба е пред потпис со Марибор, еден од најголемите клубови во Словенија.

Преговорите се во завршна фаза, остануваат само уште деталите да се разрешат. Според медиумите во Словенија во „Људски врт“ вчера бил забелжа Регба.

Инаку офанзивецот од Алжир кој има и ирски пасош, имаше блескава есенска полусезона. Беше убедливо најдобриот фудбалер во ПМФЛ, секако и на Работнички. Неговото име се врзуваше и со трансфер во ТСЦ Бачка Топола во Србија.

Инаку со заминувањето и на Али Регба, тимот од Градски парк јасно е дека ќе биде драматично ослабен. Да, се врати Анес Рушевиќ, но без Мазари и посебно Регба тешко дека Работнички ќе биде конкурентен напролет во битката за Европа а уште помалку и за титулата.

ПретходноЕмери и Астон Вила не се шегуваат: Покрај Рашфорд доаѓа и Марко Асенсио!
СледноСензационално: Леброн си оди од Лејкерси по трејдот на Дончиќ во ЛА?!