ФФМ одржа работен состанок со клубовите за имплементација на ВАР системот

553

Проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ одржа работен состанок со претставници од клубовите назначени како ВАР референтни лица. На состанокот беше презентирана целокупната процедура за имплементација на ВАР системот, како и обврските кои ги преземаат клубовите за успешно интегрирање на технологијата.

Претставниците на клубовите беа запознаени со техничките барања кои се неопходни за функционирање на ВАР, меѓу кои се: поставување на платформи за ВАР камери, обезбедување приклучоци за електрична енергија и интернет конекција, олеснет пристап за репортажни возила и друга логистичка поддршка.

ФФМ ќе изврши теренски посети на стадионите на сите прволигашки клубови, со цел дефинирање на барањата на секој од клубовите и кординација за навремена адаптација  кон ВАР стандардите.

На состанокот присуствуваше и Александра Терзиски, претставничка на клубовите Брера и Беласица, која ја поздрави иницијативата и потенцираше:

Од страна на ФФМ, детално ни беше претставено и презентирано што треба да се исполни за навремено и согласно стандардите на ФИФА да исполнат клубовите за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Проектот е голем чекор за фудбалот во нашата држава и сметам дека со ВАР ќе се подобри квалитетот на фудбалот, што е во интерес како на клубовите, така и на ФФМ. Како клубови ќе дадеме сè од себе да функционира најдобро што може и се надеваме дека релативно брзо ќе се адаптираме на процесот“.

Своја изјава даде и претставникот на ФК Шкендија, Дритан Муслиу.

Ви честитам за состанокот и организацијата, како и за започнувањето на имплементацијата на ВАР системот. Вашите идеи, сугестии и професионален пристап придонесоа за квалитетна дискусија и зацврстување на насоките за понатамошна реализација на проектот. Со заеднички напори веруваме дека успешно ќе го имплементираме системот во согласност со највисоките стандарди.

Имплементацијата на ВАР е дел од стратешките активности на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура и унапредување на регуларноста и фер-плејот во натпреварите. Процесот се реализира во партнерство со меѓународни експерти и согласно со највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА.

ПретходноМиленкоски: „Имаме појасна слика за формата“
СледноМинистерството за спорт го награди младинскиот тим на Е.Пелистер