ПМФЛ: Булатовиќ со хет – трик му кажа “ЧАО“ на Работнички во Втора лига!

343
ФОТО.facebook.com/FC.PelisterBitola

Уф, каков меч за Лука Булатовиќ, Србинот во дресот на Пелистер кој денеска во Битола сам го победи Работнички со три гола за 4:1 со што по се изгледа го испрати, некогаш култниот клуб, во Втора лига?

Пелистер – Работнички во последниот меч од 17.коло во ПМФЛ со триумф на битолчани од 4:1.

Булатовиќ, Булатовиќ, Булатовиќ….и Керим во судиското продолжение

Сега со овој пораз Работнички има -12 бода во однос на Пелистер на табелата, -13 во однос на Брера во битката за опстанок, и јасно е дека веќе со двете нозе овој клуб е во ВМФЛ.

Дали надежта последна умира за Работнички? Не веруваме, сега ни чудо не го спасува овој клуб.

Се играше 16.минута кога по една перфектна акција на домашните, по асистенцијата на Швајц Ристовски, Лука Булатовиќ стрелаше за 1:0. Во 34.минута Булатовиќ центрира од мртов агол, таа топка го удри еден гостински фудбалер и заврши во мрежата на Работнички за 2:0.

Само неколку минути подоцна Работнички намали на 2:1 и тоа од пенал со голот на Демири, откако претходно Бошњаков беше фаулиран во домашниот казнет простор.

Со овие 2:1 се замина пауза во Битола.

Само што започна второто полувреме, Булатовиќ со трет гол во мрежата на гостите од Скопје. Србијанац убаво нафрли од лево, а пред голот на Работнички убаво се снајде Булатовиќ за 3:1.

По тој гол гостите како дефинитивно се предадоа, и имаа среќа посебно ако се знае дека во 55.минута прво Здравковиќ а потоа во 63.минута и Србијанац имаа зицери за зголемување на водството на Пелистер.

Треба да се каже дека во 79. и 80.минута Езеб Кантрове имаше три супер шанси за намалување на водството, но не беше прецизен. Но затоа Вилдан Керим со гол за 4:1 стави точка на овој меч.

И покрај големиот број нови имиња во тимот, и покрај тоа што на клупата седна Муарем Муарем, овој Работнички генерално беше ОЧАЕН денеска во Битола.

Овој меч за овој тим беше најважниот оваа пролетна полусезона. Не дека се е загубено, има да се играат уште 16 кола, но исто така е јасно дека Работнички може да се спрема уште сега за испаѓање од ПМФЛ, по првпат во својата историја од таа 1998/99 сезона кога за првпат влезе во ПМФЛ.

На што ли спадна некогашната наша фудбалска гордост со тие успеси во Европа пред една деценија и повеќе и со осумте трофеи во првенството и во Купот?

Ама, тоа е…

На крај секако дека треба да се пофали тимот на Пелистер, кој одигра одличен меч. Момците на стратегот Милан Стојановски импресионираа со борбеноста, залагањето секако и со квалитетната партија. Ако битолчани вака играат оваа пролет јасно е дека брзо ќе излезат и од бараж – зоната на табелата во ПМФЛ.

ПретходноПознати четвртфиналистите од Купот на ОФМ 2026 кај мажите
СледноГРК Охрид се подготвува за европски предизвик, Ѓукиќ порача: Сакаме полна сала!