„Бомбардерот“ Бесарт и натаму урива рекорди: Ибраими и во 17. сезона во ПМФЛ постигна гол!

123
ФОТО:.facebook.com/fcshkendija

Завчера на ФФМ во дербито на 4.коло во ПМФЛ меѓу Шкендија и Струга ТЛ, се играше 85.минута при резултат 1:1, кога Бесарт Ибраими од пенал успеа да им донесе на тетовци победа од 2:1 и три бода. Го израдува својот сегашен тим а го “расплака“ својот некогашен клуб.

Ова за Бесарт беше 229 гол во неговата кариера во ПМФЛ. Не е тајна дека тој е апсолутен рекордер на листата на стрелците во нашата фудбалска историја ако ја земеме елитната лига во самостојна Македонија.No description available.

Со тој гол Бесарт и натаму урива рекорди. Тој и во својата 17.сезона во ПМФЛ постигна гол. Стрелаше за Влазерими, Напредок, Ренова, Струга ТЛ и секако Шкендија. Во тие 17 сезони тој стигна до 229 голови, а може и повеќе ако се знае дека ќе игра веројатно до крајот на есенскиот дел или до крајот на оваа сезона, а во декември ќе полни 40 години.

Навистина импресивни се бројките на Ибраими, тука нема дилеми. Посебно импресивен е податокот дека упеал да постигне барем по еден гол во изминатите 15 сезони, каде и да играл, во било кој клуб.

Инаку ова се клубовите на Ибраими до сега: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке (Германија), Севастопол (Украина), Таврија (Украина), Металург Запорожје (Украина), Енозис (Кипар), Ермис (Кипар), Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ, Шкендија.No description available.

Има и 17 репрезентативни настапи за Македонија.

Кога сме кај титулите исто така бројката е повеќе од импресивна. Ибраими досега освоил седум титули во ПМФЛ, една со Ренова, две со Струга ТЛ и четири со Шкендија. Треба ли коментар за ова?

Секако дека тој за Шкендија и Струга ТЛ, Ренова беше многу важен фактор и во настапите во Европа.

Одиграл вкупно 71 европски меч а постигнал неверојатни 31 гол, лани со Шкендија играше и во лигашката фаза во Лигата на Конференции.

Успеси, рекорди, голови, титули.

Едноставно Бесарт е меѓу најдобрите ако не и најдобриот фудбалер, тоа се фактите, во овие изминати 35 години во самостојна Македонија во нејзината ПМФЛ.

ПретходноМароко билдаше гол – разлика со Македонија, пукна “петарда“!
СледноИгрите ја одбележаа 30-годишнината: „Насмевките на децата треба да бидат нашата најголема победа“