Две имиња како опција за нов тренер на Работнички

1162

Две имиња се споменуваат како најсериозни кадидати да седнат на жешкото тренерско столчне во екипата на Работнички. Откако попладнево тимот од Дебар Маало потврди дека ја раскинува соработката со досегашниот двоец на клупата, Ердем-Бабунски, управата на тимот почнала преговори за нов тренер.

Прво име кое се споменува е Муарем Муарем, кој е поранешен фудбалер на Работнички и добро ја познава средината во која би можел да работи.

Втор кандидат е Срѓан Захариевски, кој подолг период е без тренерски ангажман и кој исто така имал разговори со „романтичарите“. Останува да се види конечната одлука на управата на Работнички околу новиот предводник на тимот кој ќе има исклучително тешка задача да го спаси скопскиот состав од испаѓање од елитата.

ПретходноТрајковски: Победа против Летонија како увертира за дуелот против Велс
СледноКоментар на 13.коло: Три клуба, кои заедно “тежат“ девет титули, се во АГОНИЈА!