Гостивар како домаќин ќе игра во Штип, а потоа се сели во Маџари!

1469

Новата сезона стартува на 11 август со мечевите од 1.коло. Една од дилемите е отстранета, а таа беше каде ќе игра Гостивар во новата сезона.Имаше многу најави, ама сега се знае дека во рамките на 2.коло, со оглед на тоа дека на стартот му гостува на Пелистер, Гостива како домаќин ќе го пречека Шкупи на Градскиот стадион во Штип.

Се уште не се знае колку мечеви ќе игра во под Исарот, но се знае дека кога градежните работи на “Борис Трајковски“ ќе завршат, тогаш Гостивар на овој стадион ќе игра како домаќин.

Ова значи дека само Беса ќе игра на Градскиот стадион во Гостивар.

ПретходноОлмо и кажа “ДА“ на Барса, сега на ред е Лајпциг!
СледноТен Хаг во проблеми: Јоро три месеци во “аут“!