Вардар има ново засилување: Матиќ е нов стопер на „црвено-црните“

1088

Вардар има ново засилување. Од денеска нов играч на ФК Вардар е Мислав Матиќ (25 години) кој доаѓа од екипата на Широки Брег (БиХ), а претходно има настапувано и за НК Рудеш, НК Шибеник, НК Локомотива Загреб и ФК Минај (Украина).

Станува збор за хрватски интернационалец висок 1.95м и игра на позиција стопер. Матиќ ги има минато и сите младински селекции во Хрватска. Тој ќе биде големо засилување на Вардар во дефанзивата за пролетниот дел од сезоната.

ПретходноМарко Митев: Мора и ние некогаш да имаме среќа, бод си е бод!
СледноЖарко Пешевски: Австрија беше „печена“ да ја победиме!