Брера со триумф над Беласица Петрич

112

Екипата на Брера денеска одигра пријателски меч против екипата на Беласица Петрич и истиот го доби со конечен резултат од 2:1.

Головите за струмичани ги постигнаа Мартин Ѓорѓиевски во петтата минута односно Крстев во 75.

Брера зимава одлучи да се подготвува во домашни услови. Со оглед на одливот на многу играчи кои си заминаа во овој преоден рок, на пролет овој тим ќе изгледа сосема поинаку. Планот засега е да им се даде шанса на младите играчи кои се производ на младинската школа, и со нив да се обезбедат доволно бодови за мирен финиш на шампионатот.

 

ПретходноТиквеш одигра 0:0 со Земун
СледноНотингем му даде седум гола на Брајтон