Во очекувањ ена продолжението на тековната сезона во домашниот шампионат, екипата на Шкендија од Арачиново објави уште едно ново засилување.
Во редовите на новиот прволигаш се врати 21-годишниот Амир Нухија, кој замина во екипата на Струга ТЛ пред само два месеци. Нухија одигра неколку меча за Струга, но сега го раскина договорот и се врати во Арачиново.
Дефанзивниот играч за врска ќе биде одлично освежување кај новиот прволигаш.















