Јашар: Оваа Брегалница има хемија, допрва ќе го покаже својот квалитет

87
фото: fkbregalnica.mk

Во пресрет на петочиот натпревар од петтото коло во ПМФЛ, со екипата на Струга, голманот на Брегалница Амир Јашар, најавува уште подобра Брегалница во следните натпревари.

“Фудбалот е тимска игра, а јас од првиот ден во Брегалница се чувствувам како дел од едно големо семејство. Пред сè, сакам да му се заблагодарам на клубот што ме прими со раширени раце. Се чувствувам одлично и имам голема поддршка и доверба од управата, стручниот штаб и соиграчите. Ние сме семејство кое на теренот покажува што значи да се гине еден за друг. Имаме одлична хемија во клубот, меѓусебно разбирање и поддршка, а чувствуваме и огромна поддршка од градот Штип и од нашите навивачи. Брегалница допрва ќе покаже каков квалитет поседува. Со голема почит кон секој противник, но и со сериозност и карактер на теренот, одиме во Струга по првите бодови на гостински терен.” – изјави Јашар за клупскиот сајт.

ПретходноСапунџиев: Овој Пелистер е гладен за докажување
СледноСабах е фудбалско чудо: Со тим вреден 17 милиони евра и само 9 години постоење ќе игра во ЛШ