ПМФЛ: Вардар со победа во Куманово доаѓа на само -3 бода од Шкендија!

112

Денеска се игра само еден меч од 7.коло во нашата елитна лига. Од 16 часот на стадионот во Куманово играат Башкими и Вардар. Меч кој е супер интересен, посебно за тимот на “Гроф“ Божовиќ кој секако дека посакува втор триумф на вториот меч како стратег на Вардар.

Имено ако актуелниот шампион успее да победи тогаш ќе и се приближи на водечката Шкендија на само -3 бода. Неверојатно е како во овие последни две кола работите се променија. Тетовци имаа сигурна предност од +8 бода во однос на Вардар, но по поразот од Тиквеш и ремито вчера со Арсими, му даваат шанса на својот лут ривал и дефинитивно да фати приклучок во битката за титулата.

Јасно е дека пред денешниот натпревар скопските “црвено – црни“ се апсолутни фаворити, логиката вели дека гостите сигурно победуваат, но ова е фудбал, тука нема логика. Секако дека вардарци ќе бидат силно мотивирани, ова им е шанса да и се приближат на Шкендија и да се искачат на третата позиција на табелата, но нема да биде лесно. Башкими очјано ја почна сезоната, ама потоа од меч во меч играше се подобро. Во минатото коло славеше кај Скопје на гости и дека и тимот на Шабан Сулејман ќе имаат и тоа како мотиви да дојдат до добар резултат против Вардар.

Како што веќе напоменавме, денеска во Куманово играат Башкими и Вардар со почеток од 16 часот, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево.

ПретходноАлкалоид и Вардар на втора победа, Охрид и Струга во „езерско дерби“
СледноМбапе: Не гледам подобар од мене, заслужувам да ја освојам Златната топка