Промоција: Брегалница се пофали и со Виктор Велкоски!(ФОТО)

65

По Иван Николов, денеска Брегалница и официјално се засили со нов играч, а тоа е Виктор Велкоски.

Тој е повратник во штипската чета. Станува збор за дефанзивец кој освен во стоперската линија, може да игра и на позицијата на последен играч за врска. Искусниот Велкоски има 30 години, богата кариера во која настапуваше за Вардар, Љубанци, Пелистер, ФК Скопје, Работнички, Победа, Брегалница, а има и интернационално искуство во Лачи (Албанија), Егиниакос (Грција) и Туран (Казахстан). Корпулентниот стопер ќе биде вистинско освежување во редовите на “сините“ и ќе ја засили конкуренцијата во дефанзивните редови.

ПретходноРустемовски со свој коментар: Судиската одлука е неправедна!(ВИДЕО)
СледноРаботнички завери младински репрезентативец